Стевчо Јакимовски од затвор итно пренесен во болница, му се влошила здравствена состојба

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пренесува 24 инфо.

Според првичните информации, причина за неговото хоспитализирање е влошување на постоперативна инфекција, по што била потребна лекарска интервенција и болнички третман.

Засега нема официјални информации за неговата моментална здравствена состојба, ниту детали за понатамошниот тек на лекувањето.

Јакимовски од средината на јули ја издржува затворската казна во Затвор Скопје.

Слични објави