Србија: Студентите и пензионерите побараа предвремени избори и пензиски реформи

од Вести365.МК Ј.Р.

Српските пензионери и студенти денеска на заеднички протестен марш, повторно побараа предвремени избори и реформи на пензискиот фонд, а додека минуваа покрај Претседателството скандираа „уа“, а потоа застанаа и со песната „Кукавица“ му испратија симболична порака на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Здружението на синдикатите на воените пензионери на Србија повика на протест, а ним им се придружија и „цивилни пензионери“ и студенти, со барања за предвремени избори и реформа на законите поврзани со фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тие бараат да се реформира пензискиот систем, за тие што најтешко живеат да добијат покачување.

Протестната прошетка продолжи до Владата, каде тие упатија писмо до премиерот со нивните барања. Пред Владата ги читаа барањата и извикуваа „пумпај“, со што протестот заврши.

„Единствениот ненасилен, граѓански и демократски начин за решавање на кризата во земјата се слободните избори што ги побараа студентите. Кој ги игнорира таквите барања, ја турка Србија во уште поголема криза. Оние кои се закануваа со избори на почетокот на студентското движење бегаат од нив и го водат општеството во хаос, обвинувајќи ги студентите за тоа“, рече Јован Тамбуриќ.

Слични објави