Србинка со нож нападнала маж во угостителски локал во Охрид

од Вести365.МК Ј.Р.

Вчера во угостителски објект на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, дошло до физичка пресметка помеѓу две лица – дваесет и петгодишната Т.С. од Србија и четириесет и деветгодишниот Г.М. од Охрид. Според информациите од СВР Охрид, во инцидентот Т.С. со нож го нападнала Г.М..

Двајцата се приведени, а од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Слични објави