Сончево и ветровито време

од Вести365.МК Ј.Р.

Времето денеска ќе биде претежно сончево, најавува УХМР. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Индексот на UV зрачењето ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се спушти до 9 степени, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 31 степен.

Слични објави