Собранието денеска избира нов државен јавен обвинител

од Вести365.МК Ј.Р.

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на која пратениците ќе одлучуваат за предлогот судијата Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител.

Савески, кој работи во Основниот кривичен суд – Скопје во одделот за организиран криминал и корупција, беше предложен од Владата на 10 март, а за избор му се потребни најмалку 61 глас.

Неговата кандидатура доаѓа по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, по постапка во која учествувале пет кандидати.

Слични објави