Скопјанка пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија – Велес

од Вести365.МК Ј.Р.

Скопјанка синоќа била пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија – Велес, телото било дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во 19:40 часот во СВР – Велес е пријавено дека на автопат Гевгелија – Велес, во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдена била почината М.Д., на возраст од 56 години од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР – Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција – појаснија од СВР – Велес. 

Слични објави