Сити му покажа на Арсенал кој е главен во Англија!

Во дуелот на двете првопласирани екипи во Премиер лигата, Манчестер Сити доминираше против Арсенал со 4:1. Херој на мечот беше Кевин Де Брујне, кој постигна два гола и имаше една асистенција.

Веќе по седум минути игра, домаќините забележаа феноменален гол од Де Брујне, кој ја најави победата на Сити.Потоа во 54-тата минута, белгискиот репрезентативец повторно се запиша во листата на стрелците, за да потоа и асистираше за погодок на Стоунс пред крајот на првото полувреме. Иако Арсенал успеа да даде почесен погодок преку Холдинг во 86-тата минута, Сити повторно врати со голот на Халанд во 95-тата минута. За Арсенал, ова е четврти натпревар во низа без победа, додека Сити убедливо реди триумфи.

Во моментов, Арсенал е на врвот со 75 бодови, додека Сити е втор со 73 бодови, но со два меча помалку. Ако Граѓаните успеат да ги добијат заостанатите два натпревари, тие ќе ја превземат лидерската позицијаи ќе имаат 4 бода предност. Вечерашната победа на Сити им дава уште поголема мотивација во борбата за титулата.

Слични објави