Силна експлозија во фабрика за огномет во областа Магџтаб рано наутро во понеделник се слушна низ голем дел од Малта.
Жителите пријавија скршени прозорци и тресење на зградите поради силата на детонацијата, објави Малта Тудеј.
Експлозијата, велат тие, се случила околу 6:30 часот наутро во фабриката Та’ Лурдес.
Полицијата е на местото на настанот и истрагата е во тек.
Според првите информации, експлозијата избувнала во фабриката за огномет.Засега нема информации дали некој е повреден, според Малта Тудеј.
Жителите на околните градови изјавија дека ја слушнале експлозијата од растојание од неколку километри, додека други тврдат дека и тие го почувствувале ударниот бран.