На видеата што се појавија на социјалните мрежи, се гледа како ветрот ја откорнува настрешницата на ресторан во округот Јилинг, пишува Dimsum Daily.
Вработените се обиделе да се држат за столбовите од настрешницата за да не бидат однесени од ветрот, но потоа налетот на ветерот некои од нив ги подигнал неколку метри во воздух заедно со настрешницата. Еден вработен ветрот го фрлил на покривот на ресторанот.
Во неделата Канцеларијата за итни случаи на округот Јилинг потврди дека сите повредени се пренесени во болница и дека нивните повреди се полесни.
Видеото тука