Во тек е преиспитувањето на лиценците што им биле издадени на компаниите за преработка на канабис за медицински цели, за што Владата има информации дека состојбата е многу сериозна, информираше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.
Таа рече дека кога ќе заврши преиспитувањето ќе ја информираат јавноста за деталите.
„Сакаме детално да ги видиме состојбите, не правиме сензации, не кажуваме нешто кое не е вистина, туку детално ги разгледуваме состојбите. Верувајте ова е сериозен случај“ рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.
Одлуката на Владата за преиспитување на лиценците доаѓа поради злоупотребите направени од овие субјекти, при што канабисот, наместо за медицински цели, завршувал на црниот пазар.