Семејството на 22-годишнатата Теодора Ристовска која загина откако возач ја удри во 2022 година, преку отворено писмо упатија благодарност за поддршката од јавноста, медиумите и премиерот.
Од таму изразија надеж дека ќе има реакција од Судскиот совет, по изречената казна од две години затвор за возачот.
„Искрено се надеваме дека Судскиот совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната и срамна одлука на судијата од Тетово, Ељведин Ферати и имаме сомнеж како семејство дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора“, велат во писмото.
Семејството изразува надеж дека јавноста и во иднина будно ќе продолжи да го следите судскиот процес за Теодора.