Водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да ја деескалира ситуацијата во Русија по разговор со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти кабинетот на белорускиот претседател.
Веднаш потоа се огласил и Пригожин.
„Тие сакаа да го распуштат Вагнер. Маршот на правдата го закажавме за 23 јуни. За еден ден стигнавме на помалку од 200 километри од Москва. За тоа време не пролеавме ниту капка крв од нашите борци. Сега е моментот кога може да има крвопролевање. Сфаќајќи ја сета одговорност за тоа дека ќе се пролее руска крв, ја вртиме војската и одиме во спротивна насока кон нашите бази“, рече Пригожин.
Во соопштението, од Лукашенко пак, објавено на официјалниот канал на белоруското претседателство на Телеграм, се вели дека шефот на платеничката група Вагнер се согласил да го запре натамошното движење на неговите борци низ Русија.
На маса е и договор за гарантирање на безбедноста на војниците на Вагнер, пренесува Скај Њуз.
Александар Лукашенко е близок соработник на Владимир Путин и разговарал со Прогожин во договор со рускиот претседател, се вели во соопштението.