СДСМ: Ја поздравуваме успешната акција на МВР, фатен е извршителот, расветлен е грозоморниот случај со убиствата

СДСМ ја поздравува успешната акција на Министерството за внатрешни работи, со која е фатен извршителот и целосно е расветлен грозоморниот случај со убиствата што го потресе целото општество, соопштуваат од партијата.

Тие додаваат дека министерството за внатрешни работа со професионалност и посветеност на високо ниво, го расветли случајот поднесе кривични пријави за сторителите на монструозното злосторство.

Очекуваме во најкус можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството кое ја потресе целата јавноста, стои во соопштението.

Слични објави