ДПМНЕ нема поддржано ниту една важна стратешка одлука, важна за државата, досега. ДПМНЕ не го поддржа членството во НАТО, беше против Договорот од Преспа, против продолжувањето на преговорите со ЕУ а не гласаа ниту за договорот ФРОНТЕКС, велат од СДСМ.
Според нив ДПМНЕ заедно со Левица застана и против одлуката на германскиот Бундестаг за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот идентитет.
– Сега е време за нова одлука за продолжување на европскиот пат. ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса макар еднаш да покажат државничко однесување. Сметаме дека има време за дијалог и заедно да ги донесеме уставните измени, стои во соопштението.