ВМРО-ДПМНЕ по 2 години локална власт во 40 општини има нула проекти и безброј нереализирани ветувања од изборните програми. Дополнително во општините под капа на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки, велат од СДСМ.
Додаваат дека речиси и да нема градоначалник од оваа партија којшто не ги зголемил цените за данок на имот и до 300%, за ѓубретарина, вода, комунални услуги, паркинг.
– Наместо развој локалните власти на ДПМНЕ озбезбедија нови долгови и партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните, стои во соопштението.