СДСМ: Дијалогот да продолжи, ВМРО-ДПМНЕ има шанса да направи добро за државата

ВМРО-ДПМНЕ нема поддржано ниту една државничка одлука досега. Беа против членството во НАТО, против Договорот со Грција, не го поддржаа продолжувањето на преговорите со Европската унија а не гласаа ниту за Договорот ФРОНТЕКСТ, велат од СДСМ.

Додаваат дека  ВМРО-ДПМНЕ Левица се единствени партии во земјата кои се против Резолуцијата на германскиот Бундестаг за признавање на македонскиот јазик, идентитет и култура.

Сега е време ВМРО-ДПМНЕ да размисли и макар еднаш да покаже државничко однесување.

– Откако се доближија ставовите на последната лидерска средба дијалогот за уставните измени треба да продолжи. Со дијалог може заедно да ја донесеме одлуката за уставните измени а со тоа да го обезбедиме продолжувањето на европскиот пат се до полноправно членство. ВМРО-ДПМНЕ има шанса да направи нешто добро за државата, велат од СДСМ.

Слични објави