Пратениците на СДСМ и Коалицијата ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во дискотеката „Пулс“. Предлогот следи по протестот во Скопје, каде семејствата на загинатите побараа независна истрага, со цел да излезе вистината на виделина.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика пратениците да ја поддржат иницијативата.
„Оценивме дека овие чекори се неопходни за проверка на постапувањето на институциите, утврдување на политичка одговорност и подготовка на мерки за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат“, вели Филипче.