Во гостување на поткастот „Претрес со Ландов“ потпретседателката на СДС Ана Чупевска со восхит зборуваше за Али Ахмети и нивната можна коалиција на локалните избори.
Ние сме отворени да соработуваме со сите партии, меѓу нив е и ДУИ. Коалицирањата ќе бидат „Тејлор Мејд“ во околностите кои треба да бидат бирани кандидатите – одговори Чупеска.
Додаде дека доколку принципиелните позиции кои што би ги договориле не биле доведени во прашање, не би имале проблем СДС да коалицира со Али Ахмети.
Искусен политичар е Али Ахмети, доста искусен. Тој збор мислам дека многу кажува. Он има вистина големо искуство во политиката и вешто ги брани интересите на луѓето кои ги застапува – одговори Ана Чупеска на прашањето, какво мислење има за Али Ахмети.