Родителите го идентификувале телото на Вања

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочи мајката Зорица Ѓорчевска, која раскажа и за денот кога ѝ кажале дека нејзината ќерка е мртва.

На почетокот на декември ни се јавија од полиција и отидовме заедно со Александар. Нè седнаа во посебни простории и тогаш ни ја кажаа страшната вест. Ни кажаа, дека е мртва и нè однесоа да ја идентификуваме, откри за првпат мајката Зорица.

Таа објасни дека никогаш не помислила дека Вања е киднапирана, за разлика од нејзиниот поранешен сопруг.

Кога му се јавив му реков само: „Вања ја нема“. „Како ја нема?“, ме праша. „Така, ја нема“, му одговорив, раскажува Ѓорчевска.

Слични објави