Регулаторна донесе нова предлог цена за вода, конечната цена ќе ја утврди Советот на Град Скопје

Регулаторната комисија за енергетика одлучи дека минималната цена за водата во Скопје ќе биде 31.53 денари за кубен метар, додека максималната цена ќе биде 34.82 денари. Овој предлог е испратен до ЈП Водовод и канализација – Скопје, кое треба да направи своја одлука во рамките на минималната и максималната тарифа и да ја поднесе на Советот на Град Скопје за одобрување. Ако се прифати минималната тарифа, тоа би значело минимално намалување на цената бидејќи моменталната цена е 31.87 денари. Ако се прифати максималната цена, ќе дојде до зголемување од 9%, што би значело месечно зголемување од 29.5 денари, но според претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, ова не треба да претставува проблем за граѓаните.

На денешната прес-конференција, Бислимоски исто така говореше за недоразбирањата со ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои, како што рече, сега се надминати. Тој повторно нагласи дека Регулаторната комисија работи на основа на барањата поднесени од комуналните претпријатија, а потоа, во согласност со методологијата, ги одредува цените.

Слични објави