Во ракетниот напад на Иран врз Израел утрово е повреден и хрватскиот конзул и неговата сопруга, објавија хрватските медиуми.
Погодена била зградата каде што живее хрватскиот конзул во Тел Авив. Во нападот, според информациите, загинале неколку луѓе, а десетици се повредени.
Снимка од ударот е објавена на социјалните мрежи.