Разрешена Бесија Иљази од Токсикологија која на работа одеше со преведувач, разрешени и други економски директори

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ги потпишал решенијата за разрешување на неколку економски директори на скопските Клиники меѓу кои и на Бесија Иљази, досегашна вршителка на должноста економски директор на Клиниката за Токсикологија

Покрај Иљази, разрешени се економските директори на Клиниките за дерматологија, физикална медицина, стоматологија, психијатриската клиника, ендокринологија, неврологија, максилофацијална хирургија.

Иљази беше во центарот на повеќе скандали поврзани со Клиниката за токсикоогија. Со вработените, а потоа и со новинарите не зборуваше на македонски јазик, имаше преведувачка.

Слични објави