Производството на турски борбени дронови „Бајрактар“ ќе започне во Украина во 2025 година

Турската компанија Бајкар планира во 2025 година да започне со производство на борбени беспилотни летала Бајрактар ​​ТБ2 и Бајрактар ​​Акинџи во Украина, соопшти денеска извршниот директор на таа компанија Халук Бајрактар.

„Изградбата се одвива според планот, а почетокот на производството е закажан за 2025 година“, рече тој, пренесува ТАСС.

Бајрактар ​​изјави дека главниот дел од подготвителните работи во фабриката е веќе во тек, а се очекува фабриката да биде електрифицирана во јули годинава.

Слични објави