Примера: Ваљадолид со важна победа за опстанок, Реал Сосиедад на чекор до Лигата на шампионите!

Барселона го освои првенството во Ла Лига и ја постигна својата цел за сезоната. Сепак, играчите на Чави Ернандес покажаа огромно опуштање, што резултираше со втор пораз во низа. По неуспехот на домашен терен против Реал Сосиедад, Барселона прикажа уште послоша игра вечерва на “Хосе Зорилја”. Валјадолид постигна три гола против каталонците, а Левандовски го постигна почесниот гол за Барселона.. Домакинот имаше неколку погодоци во рамките на голот, и пропушти најмалку два зицери против Тер Штеген и младиот Пења, каде пречката беше сојузник на гостите од Каталонија.

Реал Сосиедад, кој во минатото беше противник на Вардар во групната фаза на Лигата на Европа, се приближи на милиметри од пласман во Лигата на шампионите, прв пат по 2013 година, откако ја победи Алмерија со 1-0.Луис Суарез беше исклучен со црвен картон во 36-тата минута поради преостар старт и ја остави Алмерија со десет играчи. Голот на Јапонецот Такефуша Кубо во четвртата минута од надополнувањето во првото полувреме му донесе победа на Реал Сосиедад и продолжување на сонот кон европската елита.

Во првиот денешен меч од ова 36-то коло во Ла Лига, Селта и Жирона ремизираа 1-1. Карлос Перез три минути пред полувремето ја донесе Селта во водство, а Кристијан Стуани од пенал по еден час игра израмни. Селта со бодот се израмни со Алмерија, со по 39 бода, додека Жирона дојде до 49 на осмото место, еден помалку од седмиот Атлетик Билбао.

Слични објави