Пригожин насмеан со поздрави со народот замина од Ростов, следна дестинација Белорусија

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги предводеше своите платеници во изведувањето надвор од јужниот руски град Ростов-на-Дон, откако синоќа постигна договор за ставање крај на краткотрајниот вооружен бунт.

Ситуацијата околу штабот на Јужниот воен округ на руската армија во Ростов на Дон утринава е мирна и сообраќајот е обновен, јавија руските медиуми.

На фотографиите на повеќе светски агенции и медиуми се гледа како Пригожин со насмевка и подавање рака им отпоздравува на своите поддржувачи во Ростов на Дон, додека со џип го напушта градот, а неговите војници влегуваат во камиони за да се вратат во своите теренски бази, пренесува Ал Џезира. Како што беше соопштено тој заминува за Белорусија.

Гувернерот на регионот Воронеж, исто така, соопшти дека борците на групата „Вагнер“ ја напуштиле областа и заминале во своите стационарни кампови, пренесоа француските медиуми.

Слични објави