Премиерот на Шведска бара помош од армијата поради зголемените улични судири

Шведскиот премиер Улф Кристерсон го повика врховниот командант на шведските вооружени сили Микаел Бајден да помогне да се спречи порастот на убиствата поврзани со конфликтот меѓу криминалните банди.

Двајцата денеска ќе се сретнат со началникот на полицијата за да разговараат за улогата на војската, јавува Би-Би-Си.

Бајден за весникот „Дагенс нихетер“ изјави дека е подготвен да и помогне на полицијата.

Слични објави