Почина поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни почина на 84 годишна возраст, известија светските агенции.

Чејни починал во понеделник вечерта, соопштило неговото семејство. Причината се компликации од пневмонија и кардиоваскуларни заболувања.

„Дик Чејни беше голем и добар човек кој ги научи своите деца и внуци да ја сакаат нашата земја и да живеат живот полн со храброст, чест, љубов, љубезност”, се вели во соопштението.

Чејни служеше како шеф на кабинетот на претседателот Џералд Форд во Белата куќа во 1970-тите пред да помине една деценија во Претставничкиот дом. Тој беше клучен архитект на “Војната против тероризмот”. Беше 46. потпретседател на САД, служејќи два мандата со претседателот Џорџ Буш од 2001 до 2009 година. Тој беше и еден од првите поборници за инвазијата на Ирак во 2003 година.

Чејни подоцна стана остар критичар на Републиканската партија за време на претседателот Доналд Трамп.

Слични објави