Потоп во Италија, најмалку осум жртви ФОТО/ВИДЕО

од Вести365.МК Ј.Р.

Најмалку осум лица загинаа во поплавите во италијанската област Емилија Ромања, а илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, соопштија властите.

Практично сите водотеци меѓу Римини и Болоња се излеаа од коритата од вчера вечерта до утринава, поплавувајќи огромни области на Ромања.

Училиштата денеска ќе останат затворени во повеќето од погодените општини, особено во регионот на Болоња и Ромања.

Во Модена денеска ќе стапи на сила забраната за сообраќај преку мостови, која важеше во текот на ноќта.

Мост се урна во близина на Болоња, а многу железнички линии беа прекинати.

Од Агенцијата за цивилна заштита претходно предупредија дека врнежите не се завршени и дека се работи за многу комплицирана ситуација.

Како последица на невремето 50.000 луѓе останаа без струја, соопшти АНСА

https://twitter.com/Top_Disaster/status/1658743987006750721

Поради екстремни временски услови, Формула 1 објави дека трката што требаше да се одржи викендов во Имола е одложена.

Невидено количество дожд за неколку часа го подигна нивото на реките и предизвика нивно излевање.

Властите соопштија дека во некои области имало половина од просечните годишни врнежи за само 36 часа, што предизвикало реките да се излеваат од коритата, каскадирање на водата низ градовите и потопување илјадници хектари обработливо земјиште.

Министерот за цивилна заштита најави дека на средбата на 23 мај кога ќе се разгледуваат мерките за помош ќе побара Владата да издвои 20 милиони евра за погоденото подрачје.

Фаенца, дел од Кезена и Форли и многу други големи населени центри завршија под вода.

Во некои области водата се зголеми за неколку минути и стигна до првите катови од куќите.

Загинаа осум лица кои не успеаја да се спасат и останаа заробени во долните катови од куќите или во автомобилите.

„Девет тела се извлечени од различни локации“, изјави за италијанските медиуми претседателот на регионот Емилија Ромања, Стефано Боначини.

Тоа е затоа што на списокот на жртви е додаден и лице кое почина вчера во Ќесена поради болест, пред да се излее реката Савио, соопшти АНСА.

Италијанскиот премиер Џорѓа Мелони вчера преку објава на Твитер изрази „целосна солидарност со настраданото население“ и порача дека владата внимателно ги следи настаните и е подготвена да пружи помош.

Обилните врнежи во Емилија-Ромања следеа по неколкунеделна суша што го намали капацитетот на земјиштето да прима вода, што ги влоши последиците од поплавите.

Слични објави