Градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски поставен од нејзе и понатаму го кочат проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, претставниците од Градот не се појавуваат на состаноците и разрешен е раководителот на проектната единица за имплементација на проектот.
Поради овие причини, претставнците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската инвестициска банка (ЕИБ) кои го финансираат проектот, доставиле писмено известување дека нема да учествуваат во натамошните редовни неделни и месечни состаноци додека Градот и јавното претпријатие не обезбедат соодветни претставници. Тие исто така бараат образложение зошто е сменет раководителот на проектната единица. Тоа значи дека сега проектот е во застој, односно не можат да почнат да се реализираат никакви актвности за да се почне со градба на пречистителната станица.
Дека проектот и понатаму се кочи и има забелешки од европските банки потврдува и министерката за животна средина Каја Шукова, која за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека претставници од Градот отсуствуваат од редовните состаноци.
„Има загриженост кај банките дека претставниците на Град Скопје и ЈП ‘Водовод и канализација‘ отсуствуваат од редовните состаноци кои се важни за успешно спроведување на проектот. Исто така, согласно потпишаниот договор со ‘Водовод и канализација’, не треба да се менува член на проектната единица за имплементација на проект, без согласност на банките. И на оваа тема банките имаат загриженост и бараат образложение од претпријатието зошто и како е можно без нивна согласност да се смени член на проектната единица“, вели министерката Шукова
Целиот текст можете да го прочитате тука.