Кралот Чарлс Трети на 6 мај ќе го доживее најважниот ден во животот – крунисувањето, а дотогаш се анализира секој негов чекор.
Така, уште еднаш беше забележано дека кралот Чарлс високо ја цени сопругата на неговиот постар син Вилијам. Познато е дека на крунисувањето ќе присуствуваат високи политички функционери, државници од целиот свет и членови на британското кралско семејство, а сега локалните медиуми пренесуваат дека посебно место е резервирано за членовите на семејството на Кејт Мидлтон, принцезата на Велс.
Наводно, кралот Чарлс III решил да ги покани Мајкл и Керол Мидлтон, родителите на сопругата на неговиот син, како и нејзиниот помлад брат Џејмс и сестрата Пипа, на церемонијата на крунисување.
„Тие се семејството на нашата идна кралица, па правилно е и тие да бидат таму“, вели Ричард Иден, кој се занимава со коментирање на околностите во кралското семејство.
Веќе е видено дека принцот Чарлс и Кејт Мидлтон, за разлика од Меган Маркл, се во добри односи, барем на официјални настани, па дури и го кршат протоколот за да си ги честитаат празниците со прегратка.
Ова нема да биде прв пат семејството на Кејт Мидлтон да присуствува на важен кралски настан, тие претходно биле видени во многу ситуации, вклучително и на службата во Сандрингем, каде кралицата Елизабета со децении го собирала семејството за Божиќ, на свадбата на принцот Хари. и Меган Маркл, на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата…