Пожар во рудник за злато: 27 мртви?

од Вести365.МК Ј.Р.

Непознат број рудари загинаа по наводниот пожар во рудник за злато во Перу, соопштија тамошните власти, додека полицијата работи на извлекување на телата. Можеби 27 рудари ги загубиле своите животи, соопшти локалната власт каде што се наоѓа рудникот, во јужниот регион Арекипа.

Владата на Арекипа објави дека бројот на жртвите не е потврден „бидејќи немало начин да се комуницира од рудникот“. Се додава дека краток спој можел да го предизвика фаталниот пожар во саботата. Сликите објавени од локалните медиуми и на социјалните мрежи покажуваат темни облаци од чад. Со рудникот стопанисува мала компанија.

Во саботата околу пладне на местото на настанот пристигнале медицински експерти за да им укажат на повредените, меѓу кои и тројца спасувачи, додаваат од локалната самоуправа. Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка, а рударството е клучна индустрија за земјата. Секоја година се случуваат десетици фатални несреќи, главно во мали рудници.

Слични објави