По веста за разводот Трудо објави фотографија „Барби“ со синот: На социјалните мрежи го направија „партал“

од Вести365.МК Ј.Р.

Неодамна, откако Џастин Трудо (51) и неговата сопруга Софи (48) објавија дека се разделуваат, канадскиот премиер сподели фотографија на која тој и неговиот син, облечени во розово, одат да го гледаат филмот „Барби“.

На некои не им се допадна таа објава, па го нападнаа во коментарите.

Горд сум што конечно реши да излезеш од плакарот и да живееш автентично; Затоа жена ти те остави; Значи повеќе сакаш мажи? – напишаа на Твитер.

Да потсетиме, Џастин на социјалните мрежи сподели дека се разделува од сопругата по осумнаесет години брак. Во објава на Инстаграм напиша дека тој и Софи „по многу тешки разговори“ донеле одлука да се разделат.

Слични објави