Петнаесет дена нема да сообраќаат возовите од Скопје до Велес

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Причината е, како што посочуваат, извршување на работни задачи на одржување на пругата, со цел зголемување на брзината на движењето на возовите.

Пред 3 месеци беше објавено Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје-Велес и обратно, за што вчера биле информирани железничките станици долж пругата.

„Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување“, соопштија од Македонски железници Инфраструктура.

Слични објави