Петковски: „Охридски комуналец“ набавил препарат на база на алги вреден 24.000 евра од фирма донатор на ВМРО-ДПМНЕ

од Вести365.МК Ј.Р.

Се редат нови скандали поврзани со градоначалниците на ДПМНЕ и спорните јавни набавки.

Јавното претпријатие Охридски комуналец извршило набавка на препарат на база на алги вредни 24.000 евра!

На страна основаноста и потребата за еден ваков препарат да се дадат 24.000 евра, пари на граѓаните за препарат на алги.

Но, спорното е тоа што препаратот на база на алги вреден 24.000 евра го добила фирма чијшто сопственик е донатор на ДПМНЕ.

Неговото име фигурира во јавно достапната листа во Извештајот за добиени донации на ДПМНЕ.

Истата партија од којашто е градоначалникот Пецаков.

Дали на овој начин се обезбедуваат парите за ДПМНЕ?

На потег се јавното Обвинителство и Државната комисија за спречување корупција!

https://youtube.com/watch?v=RMwJNmFeFkA%3Fsi%3DsJ9dv0lFRwEqS9YB

Прес-конференција на потпретседателот на СДММ, Петар Петковски

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Слични објави