Пензионер загинал во сообраќајка додека патувал за на протест

од Вести365.МК Ј.Р.

Пензионер од Неготино загинал во сообраќајна несреќа додека патувал за протестот во Скопје, информираа претставниците од Неготино.

На протестот на пензионерите за повисоки пензии му беше оддадена почит со едноминутно молчење.

Министерке, дали сакате секој ден да имате мртви пензионери – рече меѓу другото пензионерка од Неготино.

Пензионерите дојдоа во Скопје на голем протест. Тие ги повторија своите барања од линеарно, а не процентуално покачување на пензиите, како и изедначување на минималните пензии со минималната плата.

Порачаа дека нема да се повлечат и да се откажат се додека не им ги исполнат барањата.

Ние сме толку скромни што бараме само 50% од линеарното. Нашето 3500 зголемување годишно за еден пензионери е 42 илјади денари. Овие пари ќе ги искористиме за огрев и за плаќање на електрична енергија или парно или за лековите кои што не оддржуваат во живот, рече една од присутните пензионерки.

Бараат од министерката Јованка Тренчевска да им даде, како што велат, повеќе од 6% зголемување на пензиите, кое е најавено за во септември.

Слични објави