Пеколни пожари во Хаваи: Најмалку 36 загинати (ВИДЕО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Најмалку 36 лица загинаа во шумските пожари кои беснеат низ округот Мауи на Хаваите. Пожарот уништи голем дел од Лахаина, туристичкиот и бизнис центар на островот. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем бидејќи некои луѓе одбиле да се евакуираат. Некои граѓани скокнаа во океанот за да се спасат од пламените јазици. Многумина се префрлени во болница поради изгорениците кои ги добиле.

Повеќе населби изгореа до темел бидејќи западната страна на островот беше речиси отсечена, а само еден автопат беше отворен, а илјадници луѓе се очекува да бидат евакуирани бидејќи властите соопштија дека Лахаина, пристаништето и околните области се во опасност од големо уништување.

Историскиот град Лахаина беше уништен до темел. Разорниот пожар, носен од ветрот, беше незапирлив и покрај напорите на пожарникарите и граѓаните кои се обидоа да ги спасат своите домови и деловни објекти.

– Чад насекаде, синот, сопругата и двете деца веднаш ја напуштиле куќата. Ништо не функционираше, мобилните телефони немаа сигнал, никаков контакт со светот. Успеавме да го напуштиме островот околу полноќ, сопругата, кучето и јас спиевме во автомобилот на паркингот, изјави жител на Мауи.

Слични објави