Алекса Аврамовиќ од Партизан ќе биде отсутен до крајот на сезонава поради скршена дланка што ја доби при дуел со Валтер Таварес. Ова значи дека екипата на Партизан ќе биде дополнително ослабена за нивниот следен меч со Реал Мадрид во четвртфиналето во Белград. Исто така, Кевин Пантер нема да биде на располагање и за вториот меч поради изречената суспензија, додека Матијас Лесор се враќа и ќе биде на располагање за тренерот Обрадовиќ.
Во меѓувреме легендата на српската кошарка Александар Саша Ѓорѓевиќ на Твитер ги повика органите на Евролигата и одговорните лица на клубовите да го одложат следниот натпревар помеѓу Партизан и Реал Мадрид. Причината е масакрот во белградското училиште „Владислав Рибникар“. Ѓорѓевиќ го изрази своето длабоко сочувство до семејствата на жртвите и апелираше до Евролигата и клубовите да реагираат на вистински, човечки начин и да го одложат натпреварот. Причината е големиот шок и неверување поради масакрот, и дека на никому во Србија не му е до песни, радост и навивање по оваа трагедија. Владата на Србија прогласи тродневна жалост, а се чека и конечната одлука околу можно одложување на четвртиот натпревар од официјалните лица на Евролигата,