Османи собра потписи, до каде се другите

Кандидатот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи веќе ги собра потребните потписи за официјализирање на кандидатурата, а се поверојатно дека ќе му се придружат уште Максим Димитриевски, Билјана Ванковска, Арбен Таравари, а за останатите е неизвесно.

Државната изборна комисија го соопшти бројот на собраните потписи до 20 часот на 26 февруари.

Османи, го поминал прагот од 10.000 има 10.528 потписи.

Блиску до границата се градоначалникот на Куманово, и лидер на ЗНАМ Максим Димитриевски, зад чија кандидатура се потпишале 8.400 граѓани.

Кандидатката на Левица, професорката Билјана Ванковска, досега има собрано 6.237 потписи. Кандидатот на здружената албанска опозициција, Арбен Таравари, досега има писмена поддршка од 7.513 граѓани, а градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски од 4.718.

Заедно со уште двајцата главни ривали, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, за чии кандидатури ќе се одлучува викендов во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тоа се седум претенденти во претседателската трка.

За другите кандидати ќе биде исклучително тешко до 8 март да ги соберат потребните потписи. Најдобар скор од нив има Мерсиха Смаиловиќ – 696, додека за кандидатот Томе Николоски нема ниеден потпис. За својата кандидатура не се потпишал ни самиот тој.

Слични објави