Ослободени петмина вработени во ОН кои беа киднапирани во Јемен пред 18 месеци

Петмина припадници на безбедносните сили на Обединетите нации, кои беа киднапирани во Јемен пред 18 месеци, се ослободени, соопштија денеска ОН.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави ослободувањето и повтори дека киднапирањето е нехумано и неоправдано злосторство, повикувајќи сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави заменик-портпаролот на ОН Фархан Хак во изјавата, пренесе „Ројтерс“.

Обединетите нации не соопштија кој ги киднапирал петтемина припадници на безбедносните сили.

Слични објави