Осквернавена бистата на загинатиот полицаец Стојменовиќ од настаните во Диво насеље

Синоќа е откриено сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во кумановско Диво насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково.

Бистата со неговиот лик е исчкртана со спреј, а пречкртана е и плочката со неговото име и пораката „Хероите живеат вечно“.

Според информациите од жителите, со спреј се прекриени и иконите од осветениот крст во селото.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски побара итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата.

Слични објави