Најбогатите 500 луѓе во светот во првата половина од оваа година го зголемија својот имот за вкупно 781 милијарда евра.
Блумберг наведува дека секој член на овој елитен клуб на најбогат, во изминатите шест месеци просечно заработувал по 12,85 милиони евра дневно.
Изминатите шест месеци беа многу успешни за шефот на Тесла и сопственик на Твитер, Илон Маск, чие богатство се зголеми за дополнителни 88,6 милијарди евра, на околу 214,7 милијарди евра.
Шефот на Мета Марк Закерберг го зазеде второто место, бидејќи неговото богатство се зголеми за 54 милијарди евра, на приближно 95,45 милијарди евра.