Македонија од утре влегува во период на променливо и нестабилно време. По сончевото и стабилно време денес, од утре се очекува зголемена облачност, особено во северните и западните делови, со локални врнежи од дожд и повремени грмежи.
Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 17 до 22°C.
Обилен дожд утре и во петок
Утре кон крајот на денот и во петок, под влијание на влажен бран, се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во западните и јужните региони. Се предвидува значително количество воден талог, а на планините над 1.500 метри надморска височина можно е да провејува и снег, како резултат на продор на постудена воздушна маса.
Променливо и свежо време за викендот
Во сабота и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, особено во попладневните часови. Ќе дува засилен северозападен ветер.
Како ќе започне новата недела?
Почетокот на следната недела ќе биде сличен – релативно свежо и нестабилно, со краткотрајни врнежи и услови за локално невреме со грмежи. Кон крајот на неделата се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите.