Огромен пожар зафати облакодер во Ајман (ФОТО)

од Вести365.МК Ј.Р.

За само неколку минути огромен пожар се прошири низ многуте катови на станбениот облакодер Тауер 02 во Ајман, а додека пожарот ги голташе катовите, жар леташе низ околните населби.

Пожар во петтиот по големина град на Обединетите Арапски Емирати избувна во вторникот вечерта, а бројни служби за итна помош и пожарникари веднаш пристигнаа на теренот за да ја локализираат огнената стихија.

Цивилната заштита на Ајман извести дека веднаш го евакуирале облакодерот и почнале да го гаснат. Пожарот бил ставен под контрола за неколку часа, а според полицијата нема жртви.

Според Би-Би-Си, истиот облакодер изгорел во 2016 година.

Многу жители среде ноќ се евакуирани во хотелите во Ајман, пишува Gulf News.

Слични објави