НХЛ: Клуб кој постои 6 години, ја освои титулата!

“Златните витези” од Лас Вегас , го освоија шампионатот во Националната хокеарска лига на САД во петтиот натпревар од финалето на Купот Стенли. Доминантната победа од 9-3 над Флорида Пантерс ги прогласи новите прваци во вторникот навечер.

Влегувајќи во натпреварот со предност од 3-1 во финалната серија “подобар од 7”, “Златните витези” постигнаа два гола во првиот период. Флорида го започна вториот период со брз гол, но секој обид за враќање беше залуден. Лас Вегас потоа постигна уште четири голови во истиот период, за водство од 6-1, и до крајот само рутински ја чуваа предноста за сигурна победа и освојување на првиот шампионат во својата кратка историја.

Марк Стоун, ветеран и крило, го отвори резултатот за Лас Вегас и потоа постигна уште два гола, станувајќи првиот играч кој постигнал хет-трик во финалето на Купот на Стенли уште од 1996 година.

Крилниот напаѓач Џонатан Марчесо, со 13 гола и 12 асистенции за време на плеј-офот, беше награден со трофејот Кон Смајт за најкорисен играч во пост-сезоната.

Ова е второ финале за Лас Вегас, во 2018 година, во нивната прва сезона, “Златните витези” беа во финалето на Купот Стенли, но загубија од “Вашингтон Капиталс”.

Слични објави