На денешната прва на седница на Судскиот совет со новиот претседател Сашко Георгиев, беше побарано од камерманите да ги исклучат камерите и да ја напуштат седницата.
Георгиев на почетокот на седницата кажа дека поради условите во салата, одлучено е внатре да бидат само новинарите.
-Тоа е едногласна одлука од страна на колегиумот што го имавме. Јавноста останува да биде присутна, а камерите доволно е да бидат присутни само мал дел, а потоа нема потреба. Вие сте присутни. Условите ни се такви дека тоа е најцелисходно, не е тоа нетранспарентно, но е потребно за условите за работа, рече Георгиев на почетокот на седницата.
Пред пет дена, Судскиот совет со осум гласа „за” и четири „против” го избра судијата Георгиев за нов претседател.