Нови 30 дена притвор за осомничените во случајот со убиството на Вања и Панче

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината осомничените во случајот со  убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, потврдуваат од Обвинителството за 4NEWS.mk

Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на Ѓорчевска и на Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка.

Продолжен е и притворот за Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо да избега во Турција.

Првоосомничениот во случајот Палевски ја напушти државата на 30 ноември и кратко престојуваше во Белград. На 2 декември, осомничениот Димковски со возило Ленд Ровер го превезол Палевски преку Бугарија во Турција, каде по меѓународна потерница беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир.

Турското обвинителство во меѓувреме на Палевски му одреди привремен затвор во Казнено-поправна установа Беликсир.

Слични објави