Николоски откако беше предложен за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата.

Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!

Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи. За Македонија, напиша Николоски.

Слични објави