Николов: Нема грижа за онколошките пациенти ниту по скандалот на Oнкологија

од Вести365.МК Ј.Р.

Не смееме да дозволиме да има „онкологии” и во другите здравствени институции.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со дела ќе покаже што значи да има стручност, да се лекува по протоколи и прецизирани постапки за лекување.

Дополнително, приоритет ќе биде и дигитализацијата која што последните години застана, вклучувајќи и апдејтирање на протоколите, како и следливоста на третманот

Нема да дозволиме третман и лекување кое ќе се заснова на нечија индивидуална желба и волја.

Со воспоставување на правила ќе почне враќањето на довербата во здравствениот систем и унапредување на условите за третман на пациентите за што е потребен комплетен рестарт на целиот здравствен систем кој што започнува веднаш по преземањето на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

 Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Слични објави