„Нетфликс“ инвестира 2,5 милијарди долари, во јужнокорејски содржини!

Извршниот директор на „Нетфликс“, Тед Сарандос, објави дека компанијата планира да вложи 2,5 милијарди долари во јужнокорејска продукција следните четири години. Оваа одлука беше потврдена по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јeол, во Вашингтон, САД. Компанијата ќе ги користи овие пари за создавање на корејски серии, филмови и емисии, што е двојно повеќе од вкупниот износ што „Нетфликс“ го вложи на корејскиот пазар откако ја лансирaa својата услуга во Кореја во 2016 година. Компанијата има голема доверба во креативната индустрија во Јужна Кореја и се надева дека ќе продолжи да раскажува одлични приказни.

Во последниве години, Јужна Кореја го зацврсти својот статус на глобална културна сила, благодарение на успехот на филмот „Паразит“ награден со „Оскар“ и хит-серијата „Игра со лигњи“ (Squid Game) на „Нетфликс“. Во 2022 година, повеќе од 60 отсто од гледачите на „Нетфликс“ гледале одржина од таа источноазиската земја, според податоците на компанијата. Сепак, компанијата не наведе подробности за конкретните содржини кои ќе ги произведува во Јужна Кореја. Од 2015 до 2021 година, „Нетфликс“ вложи повеќе од 750 милиони долари во јужнокорејски содржини.

Слични објави