Неверојатен оглас за работа на гробишта во Србија: Бараат комуникативна личност за работа во позитивна средина

од Вести365.МК Ј.Р.

Јавното комунално претпријатие Горњи Милановац на својата официјална веб-страница објави дека бара комуникативно лице кое би работело во позитивно опкружување – на гробиштата. „ЈКП Горњи Милановац поради зголемениот обем на работа огласува потреба од привремени вработувања на работници за отстранување отпад и работници за гробиштата.

Доколку сте комуникативни, одговорни и заинтересирани да работите во позитивно опкружување, вашата биографија можете да ја доставите на адресата Војвода Мишиќ 23. Станете дел од нашиот успешен тим“, пишува во огласот пренесува Klix.

Откако огласот се прошири на социјалните мрежи, следеа реакции. „Да, тие се многу весели, позитивни, насмеани и зборливи на гробишта“, „Работат во позитивна средина? На гробишта?“, „Колку треба да бидете комуникативни кога работите на гробишта?“, велат луѓето. во коментарите на огласот. Од претпријатието гуи увиделе нелогичностите од па објавиле нов оглас.

Слични објави